Амбасада на Република Северна Македонија во Турција

Најнови вести

Османи од Турција: Поддршка од ОБСЕ за зголемување на напорите за хуманитарна помош

Претседавачот со ОБСЕ, министерот Бујар Османи денес, заедно со генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид оствари посета на Република Турција која беше погодена од серија разорни земјотреси во кои животот го загубија десетици илјади луѓе, а стотици илјади се повредени. Османи за време на посетата оствари работна средба со турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, каде ја изрази поддршката на ОБСЕ за Турција во надминување на катастрофалните последици со кои земјата се соочува. „Мојата посета во Турција доаѓа во период на голема тага. Оваа катастрофа предизвика незамисливо страдање и болка за илјадници семејства и заедници низ целата земја. Се надеваме дека повредените наскоро ќе закрепнат и нашите мисли и молитви се со вас. Уште еднаш, во името на ОБСЕ, им изразувам сочувство на семејствата на жртвите кои ги загубија животите во оваа трагедија“, рече Османи. Во своето обраќање Османи ја истакна издржливоста и храброста на турскиот народ, потенцирајќи дека целиот свет е обединет во солидарноста. Тој ја нагласи важноста на колективната одговорност за континуирано давање помош и поддршка на погодените од трагедијата. „Би сакал да ја искористам оваа прилика за да се заблагодарам на сите земји учеснички на ОБСЕ за нивната поддршка кон Турција во овие тешки времиња. Но исто така, сакам да оддадам почит и кон секој еден граѓанин на оваа планета кој го дал својот каков бил придонес, без разлика колку е мал, бидејќи придонел во хуманитарните напори“, порача Османи. Во својство на претседавач со ОБСЕ Османи испрати порака дека треба да размислуваме и да работиме за иднината, истакнувајќи дека тоа ќе бара колективна акција во наредните години. Тој најави дека ОБСЕ ќе продолжи да работи со сите земји-учеснички за да се обезбеди помош, најавувајќи уште поголем ангажман од страна на Организацијата и поддршка од фондовите на ОБСЕ. „ Турција изрази загриженост за отсуството на конкретни механизми од страна на ОБСЕ кога станува збор за одговор на катастрофи. Би сакал да ве уверам дека сериозно ги сфаќаме овие грижи и дека работиме на нивно решавање. Ни треба уште поголем ангажман од целата меѓународна заедница, вклучително и од ОБСЕ. Моето присуство овде денес, како Претседавач со ОБСЕ, заедно со Генералната секретарка Хелга Шмид, е доказ за нашата одлучност во овој поглед“, истакна Османи. Османи посетата ја искористи и да ја искаже благодарноста за граѓаните на нашата земја кои организираа бројни хуманитарни акции за поддршка на турскиот народ. „Би сакал да ја искористам приликата и да ја изразам мојата благодарност до луѓето од мојата земја, Северна Македонија. Тие покажаа огромна солидарност и отворени срца веднаш да пружат помош за турскиот народ. Владата и институциите испратија хуманитарна помош, специјални единици на терен и финансиска поддршка. Блиските односи меѓу Северна Македонија и Турција се изградени врз основа на силна доверба и взаемно почитување.“

Османи истакна дека поддршката за Република Турција ќе продолжи и во следните денови и недели, сè додека турскиот народ целосно не се закрепне од оваа трагедија.

 

20 февруари, 2023

Соопштение

 
Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија со крајно загриженост ја следи ситуацијата по последната трагична експлозија во Истанбул; во вонредна функција се ставени Генерален конзулат во Итанбул како и Амбасадата во Анкара. 
 
Информираме дека досега не се пријавени наши државјани кои побарале помош; притоа напоменуваме дека при евентуална потреба за помош нашите државјани може да нѐ контактират на дежурните телефонски броеви: +905456149777 во Истанбул и +38975273732 во Скопје

Османи во Анкара на средба со Чавушоглу

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во рамките на официјалната посета на Република Турција, оствари средба со својот хомолог, Мевљут Чавушоглу. Посетата се случува во пресрет на во годинешното одбележување на 30 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји. На средбата беа отворени темите за билатералната соработка, сојузништвото во рамките на НАТО, регионалната и мултилатералната соработка, како и актуелните меѓународни безбедносни предизвици. „Минатата година размената достигна околу 800 милиони долари, а податоците од првиот квартал оваа година покажуваат дека сме на добар пат да ја надминеме онаа симболична бариера од една милијарда долари.  Работиме за дополнително зголемување на динамиката, за што од лани нашата Амбасада во Анкара беше засилена и со економски советник”, истакна Османи, посочувајќи на важноста која Владата на Република Северна Македонија им ја придава на странските инвеститори кои доаѓаат до Турција. „Како Влада активно работиме тренд и динамиката на прилив на странски инвестиции од Турција дополнително се зголемат, за што, убеден сум, постои интерес кај двете страни“ – посочи Османи. Министрите разговараа и за мултилатералната соработка меѓу двете земји во ОБСЕ, во контекст на идното претседавање на Северна Македонија во 2023 година како и сојузништвото во НАТО, со посебен акцент во однос на последиците на руската инвазија врз Украина. Нагласувајќи ја неопходноста за единство во рамките на НАТО, Османи ги поздрави напорите на Турција да посредува меѓу Украина и Русија за изнаоѓање на дипломатско решение и итно запирање на хуманитарната катастрофа. Османи и Чавушоглу потпишаа Меморандум за разбирање и соработка меѓу министерствата за надворешни работи во областа на протоколот.

 

Анкара, 7 јуни 2022 г.       

Туристички дестинации

Кањон Матка, Скопје

Крушево

Широк Сокак, Битола